Palcinja

Иновативно претпријатие

Националниот натпревар „Иновативно претпријатие на годината“ е признание кое се доделува на иновативни македонски претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење. Конкурсот има за цел да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски сектори. Во конкуренција на 31 компанија кои зедоа учество на националниот натпревар, беа одбрани најдобрите компании од три категории кои добија признание за успешност и парична награда од 200.000 денари.

Во категоријата најиновативна стартап компанија, наградата ја понесе Омега Рисрч со иновацијата „Иднината на козметиката“.

Живата козметика е посебен вид на органска козметика која се приготвува нa 36ºC а се приготвува исклучиво од природни хранливи компоненти како овошја, билки и зеленчук. Омега нуди вкупно 92 производи за нега на коса, нега на лице, нега на тело како и иновативна медицинска козметика која третира Акни, Целулит, Псоријаза, Егземи и Брчки. Дел од производите на Омега имаат и сладок вкус и се безбедни дури и за консумација.

Иновативната линија од 9 детски произвди направени без хемикалии и 100% од нутритивни компоненти како растителен желатин, јадливи масла, свежи овошја и билки не самошто предизвика исклучителен интерес како новитет на пзарот туку беше причина и за многу номинации во изминатите 2 години.