Palcinja

ОРГАНСКА ДЕТСКА
ВИТАМИНСКАТА МАСТ

Познатата традиционална детска витаминска маст, за прв пат во историјата на иновации добива органско преформулирање.

Ланолинот е суровина присутна во многу конвенционални детски витамински креми, веќе повеќе од 40 години е дерматолошки докажан како најдобра состојка за секојневна нега на детската кожа.

Нажалост досега се постигнати само формулации во кој оваа состојка е често комбинирана со перохемиски супстанции од типот на вазелин, тврд парафин, парафинско масло, 2-бромо-2митро-1.3-пропандиол, метил парабен итн.

ОРГАНСКА ФОРМУЛА

Нашата иновативна органска формула, за прв пат овозможува ланолинот да е искомбиниран само со природни масла и путери кој и даваат на детската кожа високо ниво на заштита особено на пределите под пелените или на местат на превиткување.

СОСТАВ

Витамин А и витамин Е, кои ја одржуваат нормалната влажност на бебешката кожа, ја прават мека и еластична, а истовремено ја одржуваат и нејзината отпорност кон надворешните влијанија;

масло од невенов цвет, кое ја смирува и ја обновува кожата.

Активни состојки:
  •  Ланолин

Ланолин е состојка која и овозможува на кожата таа самостојно да се хидрира. Овој ефект го постигнува преку посебен механизам со кој оневозможува губење на вода од самата кожа. 

Кожата во пределот на пелените и на местата на превиткување со загрева и поти, што е причина за нејзино дехидриање. Сувата кожа е склона на црвенила и воспаленија. 

Ланолинот е една од најбезбедните состојки за детската кожа, бидејки се употребувал уште од античка Грција. Античките грци ланолинот го добивале со вриење на овчешката волна а потоа зовриената вода која содржела ланолин ја мешале со маслиново масло. Таквата крема Гален ја користел во лекување на изгореници и рани.

  • Невеново масло

Невеновото масло содржи 66 активни  состојки меѓу кој најзастапена е α-cadinol (25%). Сите овие состојки даваат бенефит за бебешката 

кожа, меѓу кој најглавен е смирување на црвенило и инфламација. Невеновото масло за прв пат започнало да се користи во 17 век од н.е

  • Микс од Какао и Ши путер

Богати со омега масни кислеини ја одржуваат кожата влажна, здрава и го спречуваат триењето во пределот на пелените.

  • Витамин А

Витаминот А е потребен за обновивање на колагенските нишки го намалува воспалението и го промовира заздравувањето на микрораните на воспалента кожа

  • Цинк Оксид 

има докажано антибактериско и противвоспалително дејство. Влијае врз веќе иритирана кожа на местата на потпарување или смирување на микроранички.

КАКО СЕ КОРИСТИ

За секојдневна употреба на лицето, рачињата целото тело а најнпрепорачнливо за употреба во пределот на пелените.
Дерматолошки препорачано да се употребува уште од првиот ден по раѓањето.
Препорачливо да се употребува на воспалени делови кај децата во најрана возраст.